Тренерот на Лидс ги шокирал вработените во клубот но и играчите откако побарал од сите секојдневно да се појавуваатво тренинг базата и да работат на одржување на формата во очекување на продолжување на првенството.

Беилса е решен да го задржи ритамот во тимот и покрај тоа што не е познато дали и кога ќе продолжат натпреварите во Чемпионшип дизвизијата по прекинот поради Коронавирусот.

Дел од останатите учесниците во ова натпреварување им дадоа по десетина дена одмор на играчите на и на вработените со цел да се избегне зголемувањето на бројот на заразени со Ковид-19.

Медицинскиот тим на Лидс се обидел да го разубеди Биелса во намерата се да продолжи според планот но предводникот на „Белите“ останал на ставот секојдневно да се тренира во полн ритам.