Наместо во Билбао, натпреварите кои беа предвидени да се играат од Европското првенство во овој град ќе бидат презакажани за Севиља.

Ова е одлуката на УЕФА, откако Билбао не успеал навремено да ги убеди челниците на УЕФА дека може да ги исполни сите протоколи за заштита од Ковид-19 при органзиацијата на еден ваков настан.

Од организацискиот одбор од Билбао посочиле дека се незадоволни од оваа одлука на УЕФА која според нив е премногу ригорозна по однос на барањата и целите.