Баерн Минхен вообичаено групното службено фотографирање го прави на средината на подготовките  или по завршувањето на главниот подготвителен камп, оваа година не е така.

Според „Билд“  причина за одложувањето на службеното фотографирање е најавата на бордот на директори дека ќе донесат екстра засилување.

Според овој извор, Баерн сака да донесе крилен напаѓач, изборот е наводно Лирој Сане од Манчестер Сити. Сане ретко е стартер кај Гвардиола и се чини дека е можно негово доаѓање во Минхен.