Манчестер Јунајтед конечно ја испратил првата официјална понуда за Џејдон Санчо, пренесува Билд.

Англискиот репрезентативец е голема желба на Оле Гунар Солскјер, кој сакаше да го доведе уште минатото лето, но Борусија Дортмунд бараше 120 милиони евра. Билд тврди дека Јунајтед понудил речиси два пати помалку, односно70 милиони евра, напоменувајќи дека таа понуда лесно била одбиена од бундеслигашот.

Борусија ја спуштила цената за Санчо, но Јунајтед и натаму не ја праќа понудата која би ги задоволила Милионерите, кои бараат 90 милиони евра за својата ѕведа, но и плус бонуси.

„Борусија е свесна дека е во одлична преговарачка позиција. Многу добро знаат дека Јунајтед не може да си ја дозволи срамотата од минатата лето со ценкањето околу Санчо. Со месеци се зборуваше за тој трансфер од кој на крајот немаше ништо. Во Дортмунд очекуваат дека Санчо ќе биде една од главните ѕвездите на Европското првенство кое следи и дека на темел на тоа ќе можат да извлечат поголема сума на пари“- пишува Билд.

За Санчо наводно постои интерес и од Челзи, тим за кој Англичанецот навива од мали нозе. Томас Тухел е голем негов фан е ни е невозможно и европскиот шампион да се вклучи во трката за него.

Билд тврди дека агентот на Санчо веќе има се договорено со Манчестер Јунајтед и дека е тешко да се очекува дека би заминал на друго место освен на Олд Трафор. Таму ќе добие плата од околу 15 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од она што моментално го заработува во Дортмунд.