Баерн Минхен би можел да остане без 26 годишниот Леон Горецка. Играчот од средниот ред има договор до следното лето, а Баерн Минхен му нуди 10 милиони евра по сезона.

Сепак, проблем е што неговиот менаџер побарал 20 милиони евра годишна плата. Се чини дека тимот од Минхен тоа нема да го прифати.

Билд пишува дека Манчестер Јунајтед би можел да биде тој што ќе му понуди толкава плата на Горецка, со што германскиот великан би добил нов „случај Алаба“.

Горецка е играч на Баерн Минхен од 2018-та година. Во клубот пристигна од Шалке како слободен играч, а во Баварија освои се што можеше да освои.