Германскиот „Билд“  со назнака ексклузивно пишува дека Нико Ковач не е повеќе тренер на Баерн Минхен.

Хрватот има очајни резултати во Бундеслигата, вчера загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1 во натпревар од 10 коло и тоа ја забрза постапката за разрешување на Ковач.

Билд тврди дека Баерн во среда ќе има нов тренер за средбата со Олимпијакос во Лигата на шампионите, не открива кој ќе биде наследник но со сигурност тврди дека Ковач повеќе не е тренер на Баерн Минхен.