Новинарот на Билд Кристијан Фалк тврди дека дошло до тензии меѓу Роберт Левандовски и Хасан Салихамиџиќ во Баерн Минхен.

Најдобриот фудбалер на Баварците има договор до крајот на следната сезона, а клубот би се обидел да го продаде следното лето, за да направи простор за Ерлинг Халанд. Ова го фрустрира Левандовски.

„Амбициите на Левандовски се огромни. Сака уште повеќе додавања од соиграчите како би дал уште повеќе голови. Амбицијата му е една од најголемите сили. По два меча без постигнат гол е незадоволен, но тоа е привремено. Знам дека тренерот Јулијан Нагелсман работи на тоа тимот да прави што повеќе шанси“– вели Фалк и додава.

„Левандовски најмногу го мачи неизвесната иднина. Неговиот менаџер Пини Захави пред неколку недели ги прашал челниците на Баерн дали сакаат да преговараат. Досега не доби одговор и не е одреден рок. На Левандовски исто така не му се допаднало што Хасан Салихамиџиќ кажал дека во Баерн го гледа Ерлинг Халанд“

Левандовски има 33 години, а Баерн во тие години на играчите им нуди договор на само една година. Отстапка направија со Мануел Нојер и Томас Милер. Менаџерот на Левандовски, Пини Захави го губи трпението кога е Баерн во прашање.

„Роберт сака да ја расчисти својата иднина. Баерн мора да одлучи дали ги планира следните три или четири години со него во составот. Ако го направат тоа ќе има преговори. Ако Баерн сака да го доведе Халанд, мора прво да разговара со Левандовски и да дознае дали размислува за трансфер следното лето“– заклучува Фалк.