Тотенхем минатиот викенд го надигра Манчестер сити, а Жозе Мурињо по дуелот со Пеп Гвардиола денеска го очекува уште една интересна пресметка – против Френк Лампард, актуелниот менаџер на Челси, кому пред 15 години му помогна да направи фантастична фудбалска кариера.

„Сините“ и „спарси“ се среќаваат на „Стемфорд бриџ“ (недела, 17.30 часот) во дуел на третопласираниот и лидерот во Премиерлигата.

Лампард минатата сезона два пати беше подобар во лигата од Мурињо.

Не е лесно да се игра против Тотенхем, кој е во одлична форма. Сон, Хари Кејн.. се се тоа врвни играчи, а имаат и врвен менаџер“, изјави Лампард.

Тотенхем, од друга страна, сезонава загуби само два пати, на стартот на Премиерлигата против Евертон и во Лигата на Европа против Антверпен.

„Уште едно дерби и уште еден натревар во кој сакаме три бода“, порача голманот на Тотенхем Иго Љорис.

Мечот проитв Тотенхем в недела ќе биде јубилеен 1.000 за Челси, откако во јуни 2003 клубот го презеде Русинот Роман Абрамович.