Полуфуналната четворка во македонскиот фудбалски Куп ќе биде позната денеска по одигрувањето на четирите „прволигашки пресметки“ закажани од 13 часот.

Водечката тројка во ПМФЛ ја чекаат тешки гостувања и неизвесна битка за пласман во куп завршницата.

Лидерот Шкендија гостува на Силекс во Кратово, Македонија ЃП оди на мегдан со Беласица во Струмица, додека Шкупи му гостува на вториот струмички прволигаш Академија Пандев.

Четврфиналните пресметки ги заокружува двојката помеѓу Струга Трим и Ренова.