Италијанскиот судија, Антонио Мартиниело, падна под воз во обид да и избега на полицијата, пишува Sky Sport Italia.

Трагедијата се случи во селото Порто-Потенца-Пичена, на на истокот на Италии, каде судијата ја издржувал казната куќен притвор, поради постојаното вознемирување на своја поранешна девојка.

Иако носел специјална електронска нараквица, тој го прекрши куќниот притвор и полицијата дојде да го уапси. Бегајќи од полицијата тој падна пред возот и беше прегазен.

Во февруари овој судија доби едногодишна забрана да суди, бидејќи на еден натпревар со глава удри голман на една од екипите, кој барал објаснување зошто е исклучен. Голманот заврши во болница.