Британскиот целебрити-доктор Кристиан Џенсен ја коментираше епидемијата на Коронавирусот, која ја обви во црно цела Италија.

Ќе ви изгледа малку расистички и најверојатно подоцна ќе морам да се извинам, но, зарем не сметате дека целата оваа ситуација личи како оправдание: Мислам дека на Италијанците им се посака да затворат се, некое време да престанат со работа за да си го продолжат одморот. Мислам дека епидемијата повеќе живее во медиумите отколку во реалниот живот.Зошто не се сетиме на обичниот грип кој убива илјадници луѓе секоја година“, изјави тој за Goal

На ова му одговори напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, кој му врати:

„Оди тоа кажи им го на роднините на починатите или на тие што во моментов се борат за своите животи во болниците. Кретен. Од срце ти велам – оди по ѓаволите“.