Сајтот Ticketgum.com, кој е специјализиран за продажба на влезници за спортски настани, направи анкета според која состави листа на фудбалери со кои жените најмногу би сакале да преспијат.

Очекувано, на чело на листата е поранешниот капитен на англиската репрезентација Дејвид Бекам, кој собра 21,2 % од гласовите.

На второто место се најде голманот на Тотенхем Пауло Гасанига (15 %), а трет е играчот за врска на Челзи Рубен Лофтус-Чик (13,75 %).

Роналдо на оваа листа е дури осми, со 7,5 %, додека Меси е деветти, со 6.25.

Вкупно биле анкетирани 1324 жени.