За жал, ова е епилог на еден тажен настан. На овој начин во бразилска Форталеза го испочитуваа Жардесон Мартинс, 21-годишен млад човек кого го застрела полицијата.

Пред неколку дена тој отиде до супермаркет и повеќе не се врати.

Полицаецот едноставно излезе од колата и почна да пука. Мојот син се сокри зад аголот на улицата и кога помисли дека се е готово тој излезе и тогаш беше застрелан.

Полицајците, кога видоа дека убија обичен човек, ја сменија колата и го однесоа син ми во болница, за да кажат дека се обидоа да му помогнат“, рече таткото на убиениот.

Во извештајот полицајците наведоа дека Жардесон сомнително се однесувал и чудно ја држел раката на појасот, а кога почна да бега тие пукаа. Дел од сето тоа се најде и на видео.

Оружје кај убиениот не е најдено, а поради ова убиство во фавелата имаше големи протести.

Стотици луѓе дојдоа на неговиот закоп, а неговата огромна љубов кон фудбалот и кон локалниот клуб Центер Сити ја испочитуваа со голот постигнат со помош на неговиот гроб, како финален чин пред закопот.