Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, од денеска и официјално има нов предводник, Благоја Милевски ја започнува приказната со А тимот кој полека ќе почне да размислува за квалификациите за пласман на СП.

Милевски кој испиша историја со У21 генерацијата и пласманот на ЕУРО во 2017 година, сега треба да го консолидира тимот кој летово дебитираше на сениорските континентални собири.

Неофицијално, ќе има повеќе измени во составот, можен е кам бек на играчи кои повеќе години не добиваа шанса од Ангеловски.

Со сигурност во составот на Македонија повеќе нема да фигурира Горан Пандев кој се пензионираше од репрезентативниот дрес.

Македонија во септември ја очекуваат пресметките со Ерменија, Исланд и Романија во квалификациите за СП во Катар.