Некогашниот македонски фудбалски репрезентативец Дејан Блажевски е слободен фудбалер откако ја прекина соработката со скопски Работнички.

Искусниот напаѓач пристигна во Работнички во текот на зимскиот преоден рок од албанска Тирана.

По завршувањето на сезоната Работнички го напуштија уште и Димитровски, Ѓоргиевски, Божиновски, Манојан, Вијачки, Петковски, додека Баже Илијоски замина во пензија.

Во својата кариера 33-годишниот Блажевски настапуваше за Пелистер, Вардар, Хоризонт Турново и  Скопје на домашна, како и Хазар Ланкаран, Пирерикос, Верија и Агротикос на меѓународна сцена.