Марко Блажевски демантира за дриблинг дека нема да настапува повеќе за Македонија, верува во Пливачката федерација и се надева дека нема да има „сопки“ во иднина, ќе продолжи да ги брани боите на Македонија.
Новото раководство е доста реално, се бореше до последен момент да настапам во Кореа, вели Блажевски и додава:
„Главната пречка зошто не сум во Кореа на Светското првенство е поранешниот претседател на ПФМ, Александар Маленко“ – изјави за дриблинг, Блажевски.
Блажевски демантира дека нема да настапува за Македонија, проблемите со Националната федерација се надминати, новото раководство работи добро.
„По завршувањето на летото планот е да се вратам во нормален тренажен ритам и да се подготвувам за Олимписките игри во Токио, сакам да пливам за Македонија и да бидам првиот спортист кој настапил на три Олимписки игри , но ако тоа не е возможно , ке ги пробам моите шанси на друго место“ – изјави Блажевски.
Блажевски има 26 години, од својата 15 година живее во Калифорнија, според него „политиката“ и бирократијата му ја ускратија можноста да се натпреварува во на СП во Кореа, продолжува во дресот на Македонија.
Be the first to write a comment.