Карлос Феро Виера, кој тврди дека бил близок пријател на покојиот Диего Марадона, обелодени дека аргентинсаста фудбалска легенда е татко не уште две деца за кои светската јавност не знае ништо.

Виера живеел на Куба со поранешниот фудбалер на Наполи и Барселона, откако Марадона се пресели во Карипскиот остров во февруари 2000 каде се лекуваше од зависноста од кокаин.

Официјално, Марадона е татко на пет деца, а се поврзува со уште шест други, од кои четири живеат во Куба.

Виера, поранешен сопственик на ноќен клуб во Хавана, изјави за аргентинските медиуми дека Марадона е татко на уште други две деца, кои во моментов  живеат си нивната мајка во Шпанија. Тој не го откри нивниот идентитет.