Милан синоќа запиша нов пораз и тоа со пресврт од 1-2 на гостувањето кај  Торино. Со овој поразо „росонерите“ се наоѓаат на 13-то место на табелата во Серија А, запишувајќи го третиот пораз во петтоо коло во најсилната италијанска лига, а според најавите веќе тренерот Џампаоло е пред смена.

Првично три меча беа клучни за Џанпаоло да се спаси, но уште на првата се сопна. Остануваат пресметките со Фиорентина и Џенова, ама како што стојат работите можно е неговата смена многу побрзо да се случи од првичните најави. Звонимир Бобан после вчерашниот пораз буквално збеснал, а од поодамна е во лоши односи со тренерот.

Хрватот му замерува зошто воопшто не ги користи летните засилувања како Круниќ, Тео Ернандез, Бенасера, но незадоволен е што кормиларот не успева да ги исконтролира работите во клучни моменти. Проблем за смената е фондот „Елиот“, кој не сака да плаќа двајца тренери, ако Џампаоло биде сменет , иако нема актуелниот кормилар голема плата.