Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов пристигнал во Италија каде денеска треба да го комплетира трансферот во второлигашот Лече.

Николов одлучил дека шансата да биде дел од Серија А е подобра од онаа која ја добива во МОЛ Фехервар. Во Лече ќе игра заедно со поранешниот репрезентативец на Македонија, Леонард Жута.

Николов пред трансфер во МОЛ играше и за Виторул Костанца и за Вардар. Плејмејкерот беше дел од Македонија на младинското европско првенство во 2017 и се очекува да биде во ростерот на Ангеловски на престојното ЕУРО 2021.