Бобан Николов доби жолт картон по само 7 минути на Тото Турнер но успеа да се исконтролира и и да биде во служба на екипата вкупно 75 минута. Плејмејкерот призна дека тој и неговите соиграчи во националниот дрес се разочарани од пропуштената шанса за победа но сега важно е да вниманието да се насочи кон дуелот со Летонија.

„Задоволни сме од освоениот бод. Одигравме добро и не ги повторивме грешките од минатото. На полувремето бевме разочарани што не го искористивме шансите а во вториот дел имавме неколку добри контри но немавме среќа. Се ќе биде за џабе, овој бод ќе биде за џабе ако не победи во Рига против Летонија.“ – изјави Николов.

Тој посочи по мечот дека морал да внимава да не добие црвен картон и според него е важно што не ги оставил соиграчите на цедило.