Италијанскиот „Tuttomercato“ тврди дека Бреша која се врати во најсилната фудбалска конкуренција на Италија има понуда за Бобан Николов да го види во своите редови.

Бреша подолго време го следела нашиот репрезентативец и има понуда до МОЛ Види. Контакти веќе има меѓу двата клуба, се очекува договор и преселба во калчо лигата на Николов кој има извонредна сезона во унгарскиот шампионат.