Бобан Николов на почетокот на оваа година стана уште еден македонски фудбалер кој настапува во Италија, откако потпиша за второлигашот Лече. А во интервју за романски „Телеком Спорт“, низа пофални зборови упати за капитенот на македонската репрезентација и моментално еден од најдборите фубдалери на Џенова Горан Пандев.

Меѓу интересните детали кои ги откри за популарниот Гоче е дека тој јадел многу киви и пиел вода. Вели уште кога имал 20 години, Пандев го земал под свое во националниот тим на Македонија, порачувајќи дека легендата на македонскиот фудбал заслужува големи почести.

На почетокот на новата година Бобан Николов направи трансфер во Италија каде што ќе игра во редовите на Лече.

„За него треба да се направи статуа, не знам дали некој друг наш играч ќе направи успех како него. Во минатите години секогаш кога зборувавме ми велеше дека би ги менувал клупските трофеи за успех со репрезентацијата. Сега и тоа му се исполни“- вели Николов.

Инаку, Македонија со голот на Пандев по асистенција на Елиф Елмас, се пласираше на Европското првество, после победата од 1:0 над Грузија во Тбилиси.