Дејли Мејл пишува дека Њукасл сакал да го ангажира тренерот на Ајакс, 51 годишниот Ерик Тен Хаг.

Њукасл со доаѓањето Мохамед Бин Салман стана најбогат клуб на светот и сака што побрзо да се вклучи во битката за врвот. Поради тоа на Тен Хаг му била понудена плата од 13 милиони евра по сезона, но како што тврдат англиските медиуми, истата била одбиена.

Тен Хаг со таа плата би станал трет најплатен тренер во Премиер лигата, зад Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

Дејли Мејл додава дека Тен Хаг сака да остане во Ајакс и повторно да изгради тим кој ќе игра во завршницата во Лигата на шампионите. Тој е во Ајакс од 2017-та година и два пати беше првак на Холандија, а се смета за еден од најдобрите тренери во Европа.

Њукасл во моментов е без тренер, но и без лигашка победа. Моментално е на 19-тото место во Премиер лигата.