Организаторите на Олимпискиот квалификациски турнир во Лондон објавија дека натпреварите се прекинати поради алармантната ситуација со Ковид-19.

Одлуката е донесена денеска, натпреварите завршуваат со борбите во вечерната програма и нема да продолжат иако требаше да има борби до 24 март.

На овој турнир учество пријавија над 60 земји од Европа, меѓу нив и Македонија со двајца претставници, Јасин Љама и Гоце Јанески кои загубија во квалификациите.

Според информацијата упатена до националните федерации, одлуката е донесена поради актуелната ситуација во светот предизвикана од Ковид-19, рестрикциите во меѓунардниот авио сообраќај и препораките на Владите ширум светот.

Боксерските турнири ќе бидат во прекин до месец мај.