Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола потврди попладнево дека се соочува со огрoмни проблеми како да го состави тимот за неделниот меч против Лестер поради голем број повредени фудбалери, но навести дека, и покрај се, очекува нови три бода.

Ситуацијата е таква што на расплагање имаме само 13 фудбалери. Но ,и покрај се, јас не барам оправдување, тој збор во Сити не постои,. Имаме 13 фудбалери и мораме да победуваме со нив“,изјави Гвардиола.

Менаџерот на Сити повика неколкумина од младинскиот погон, а, покрај другите, нема да може да смета на Агуеро, Лапорте, Гундоган и Силва.