Италјанскиот калчолигаш, Болоња најави дека фудбалерите на овој тим можат да се вратат на тренинзите следната седмица, односно во вторник.

Прва екипа која ќе им се врати на обврските е Сасуоло, која по дозволата да се тренира во регионот Емилија-Ромања, се одлучи во понеделник да започне со тренинзи, но со социјално дистанцирање.

Болоња објави дека на ист начин ќе тренираат, а на првите тренинзи екипата нема да ја води тренерот Синиша Михајловиќ, кој е на прагот да ја добие битката со карциномот.

Парма и на СПАЛ исто така имаат дозвола да започнат со тренинзи,  но и двата тима се решија да чекаат додека не се подготви соодветен здравствен протокол.