Калчолигашот Болоња подготвува нов повеќегодишен договор за тренерот Синиша Михајловиќ, кој се враќа на клупата, по победата над леукемијата која ја имаше.

Спортскиот директор на Болоња, Клаудио Фенучи истакна дека во долгогодишниот план за клубот го гледаат Србинот како дел од таа приказна.

„ Ќе му понудиме повеќегодишен договор на Михајловиќ. Тоа е наша желба и тој е во нашите долгогодишни планови. Сакаме долго да соработуваме со Синиша, а тој ни рече дека го сака истото тоа“- изјави Фенучи.

Михајловиќ во Болоња е од 2019.година и успеа минатата година клубот да го спаси од испаѓање во Серија Б.