Низ медиумите на Апенините во последните неколку дена се шпекулира дека најдобриот фудбалер на Болоња, Рикардо Орсолини е пред вратите на Јувентус.

Ваквите натписи ги демантираше техничкиот директор на Болоња, Валтер Сабатини, кој вели дека сеуште нема никакви понуди за шпицот, а неговата откупна клаузула изнесува огромни 70 милиони евра.

Наводно, „Старата дама“ за фудбалерот на Болоња е спремна да издвои 25 милиони евра, што е далеку од сумата која ја бара тимот кој е воден од Синиша Михајловиќ.

Интересно е тоа што, Орсолини во Болоња дојде како позјамен играч од Јувентус, клубот од Торино информираше дека има заштитна клаузула за откуп од 25 милиони во годоворот, но таа не мислат во Болоња.

Таа клаузула никогаш не беше запишана на хартија, не постои, нашиот играч вреди 70 милиони“ – изјави Сабатини.

Орсолини сезонава запиша 8 голови на 25 натпревари.