Српскиот тренер Синиша Михајловиќ го заврши првиот циклус на лекување од леукемија.

Болоња соопшти дека иако првиот циклус е завршен, нивниот тренер ќе остане во болница најмалку три  недели.

Како што се истакнува, за време на хемотерапијата која започнала на 18-ти јули, Михајловиќ немал никакви компликации.

Од клубот нагласуваат дека Михајловиќ е во постојана комуникација со стручниот штаб, а тренинзите на тимот ќе ги следи преку видео врска.