Фудбалерите на Рома имаат негатива по првиот дел од 1-2 на мечот против Болоња во рамки на првиот меч од 23.коло од Серија А.

Гостите го отворија резултатот уште по 16 минути игра со голот на Орсолини, а на овој погодок му претходеше неспретна интервенција на Крис Смолинг.

„Римската волчица“ брзо се врати во игра со автоголот на Денсвил во 22 минута, но гостите ја вратија предноста по само 7.минути игра со фантастичниот гол од далечина на Муса Баро.