Најдобриот фудбалер меѓу атлетичарите ги избра трјцата актуелни играчи со кои би трчал штафета.

ФИФА ја објави листата на најбрзи фудбалери меѓу кои се Килијан Мбапе, Мохамед Салах, Садио Мане, Адам Траоре, Обамејанг, Маркус Рашфорд…

Усеин Болт се обиде да состави штафета 4×100 метри од фудбалери, но од листата на ФИФА наведе само еден фудбалер.

Довербата Болт им ја додели на Мбапе, Кристијано Роналдо и Герет Бејл.

Болт се осврна и на Роналдо и Меси, па откри кој за него е подобар.

„Ги бирам двајцата. Многумина поставуваат прашање кој од нив двајца е подобар, а станува збор за фудбалски генијалци. Секогаш бев голем навивач на Роналдо. Навистина се воодушевувам на неговата способност да успее во три различни шампионати, Премиер лигата, Примера и Серија А.“ – наведува Болт.