Напаѓачот на Јувентус, Гонсало Игуаин, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, пишува Marca.

Ова лето на 32-годишниот фудбалер му завршува договорот со Јувентус и, ако не дојде до продолжување, тој ќе може да замине во било кој клуб како слободен агент.

Marca пласира сензационална информација, според која Игуаин ќе се пресели во Атлетик Билбао, кој, како што е познато, ангажира исклучиво баскиски фудбалери. Но, иако Игуаин е Аргентинец, тој се вклопува во политиката на клубот, бидејќи неговиот прадедо е Баскиец кој емигрираше во Аргентина. Самиот Игуаин е роден во Франција и има двојно државјанство.

Игуаин во кариерата настапувал за Ривер Плата, Реал, Наполи, Јувентус, Милан и Челзи. Оваа сезона тој настапи на 22 средби од Серија „А“ и постигна 5 гола, а имаше и 4 асистенции.