Поранешниот прв човек на Динамо од Загреб,Здравко Мамиќ според информациите кои ги пласираа хрватските медиуми во наредниот период ќе го преземе словенечкиот фудбалски клуб Олимпија од Љубљана.

Мамиќ според информациите веќе се договорил со сопственикот на Олимпија Милан Мандариќ околу преземање на екипата и во наредните денови оваа вест треба да биде официјализирана.

Освен Олимпија од Љубљана,Мамиќ ќе купи уште еден словенечки клуб станува збор за Брежице 1919 која ќе биде филијала на големата Олимпија .

Во моментот Здравко Мамиќ е во бегство во Босна и Херцеговина.Минатата година Мамиќ е осуден од страна на Хрватскиот Суд на шест и пол години затвор,поради тоа што од Динамо Загреб заедно со неговиот брат Зоран Мамиќ незаконски извлекле 16 милиони евра и го оштетиле клубот.