Шпанските медиуми пласираат вистинска бомба – Зинадин Зидан го напушта Реал и од ова лето ќе го предводи Јувентус.

Наводно, Зидан е крајно незадоволен од атмосферата во „Кралскиот“ клуб и има затегнати односи и со играчите и особено со претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Јувентус, пак, е подготвен да му понуди годишна плата од 7 милиони евра и со задоволство би го сакал на својата клупа.

Зидан во својата фудбалска кариера настапувал за Јувентус и им останал во добро сеќавање на навивашите на „Старата дама“.