Плејмејкерот на Милан, Џиакомо Бонавентура кариерата ќе ја продолжи во Рим, конкретно во екипата на Рома.

Италијанецот ќе потпише тригодишен договор и ќе заработува по 2.5 милиони евра по сезона, пренесува „Кориере Дело Спорт“. Бонавентура ги одбил понудите од Аталанта и од Торино а неговиот агент Мино Раиола веќе ги договорил сите детали со „Римската Волчица“.

Бонавентура пристигна во Милан во 2014 година, одигра 171 натпревар постигна 34 голови и 24 пати асистираше.