Повремениот репрезентативец на Италија, Џиакомо Бонавентура е пред потпис со Торино откако одби нов договор од Милан и од ова лето ќе биде слободен агент.

За Бонавентура понуди имаше и од Аталанта, Рома, Фиорентина и Арсенал но Торино е фаворит за неговиот потпис а наскоро ова ќе биде и потврдено.

Бонавентура ќе добие двегодишен договор од Торино и годишна плата од 1,75 милиони евра. Бонавентура во август ќе наполни 31 година, во Милан е од 2014 година а оваа сезона постигна три гола на 20 натпревари.