Поранешниот италијански фудбалер и репрезентативец Даниеле Бонера повторно се враќа во екипата на Милан.

Бонера од 2006 до 2015 година го носеше дресот на „росонерите“ за да потоа заигра во дресот на Вилјареал.

Бонера сега ќе има поинаква улога и ќе биде еден од асистентите на новиот тренер на „црвено-црните“, Марко Џампаоло.

Тој ќе им се приклучи на Фраческо Конти, Салваторе Фоти и Фаби Мирарели кои ќе бидат дел од стручниот штаб на Џампаоло во новиот клуб.