Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи во изјава за Газета Дело Спорт, го потврди ставот дека неговиот клуб не сака титула на зелена маса, доколку не с едоигра сезоната да не се прогласи шампион.

Бонучи смета дека е исправна одлуката да се рестартира сезоната, само преку натпревари да се дојде до првак на Италија.

„Фер е да се доигра сезоната, бевме уплашени од проблемот со коронавирусот, но фудбал мора да се игра, ние во Јувентус сакаме шампионска титула освоена на теренот, само така и никако поинаку, доколку сезоната не се доигра, сметам дека ќе биде исправно да не се прогласи шампион во Италија“  – изјави Бонучи.

Фудбалот во Италија ќе се рестартира следната недела, со натпреварите од Купот на Италија.