Централниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи е среќен по ремито со Аталанта, натпревар во кој „старата дама“ се спаси од поразот.

И покрај неубедливата игра на Јуве, Бонучи смета дека на овој начин се освојуваат титулите.

„Секогаш е тешко да се игра против Аталанта. Сите мора да се жртвуваме за тимот. Освоивме бод, ги сакавме сите три, но не успеавме. Меѓутоа Лацио и Аталанта ги одржавме на солидна дистанца. Едноставно вака се освојуваат титули“- изјави Италјанецот.