Леонардо Бонучи признава дека не е баш лесно да се живее во самоизолација но времето може паметно да се искористи.

„Добро се чувствувам но последниве неколку дена беа навистина тешки. Самоизолација, секој ден исто, немам симптоми и поради ова сум среќен. Со сопругата и децата сум дома, деновите воопшто не се досадни. Играм во градината со син ми Лоренцо. Секое утро станувам со пораката на телефотнот дека треба да одработам неколку физички вежби, прво на велосипедот, па склекови и скокови. Среќен сум што имам тревник па можам да го користам за различни вежби и движења.“ – изјави Бонучи.

Јувентус и цела Италија е во изолација, од „Старата Дама“ позитивини на Ковид-19 до денес се Дибала, Матуиди и Ругани.