Леонардо Бонучи нема намера да остане  во Јувентус. Има понуди од Англија и Франција, извесно е дека ќе ја напушти „старата дама“ .

Заминувањето на Бонучи зависи од доаѓањето на Матијас де Лихт од Ајакс но се чини дека работата е завршена и прашање е на денови официјализирање на потписот со Јувентус на репрезентативецот на Холандија.

Бонучи има понуди од  Манчестер Сити и ПСЖ, Јувентус ќе го продаде под еден услов, тоа е исплата на 50 милиони евра, дефанзивецот на „старата дама“ има договор со важност на три години со тимот од Торино.