Јувентус со победата над Атлетико Мадрид од 1-0 ја завери првата позиција во групата и обезбеди пласман во осминафиналето.

Столбот на одбраната на „Старата Дама“, Леонардо Бонучи изјави дека има еден тим со кој не сака да се сретне во осминафиналната фаза.

„Би сакал да го избегнеме Тотенхем. Со доаѓањето на Мурињо во некои мечеви може да им даде нешто плус. Ама има уште многу до февруари и март. Во нокаут натпреварите, со ова не сакам да го навредам Покетино, Мурињо знае како да извлече нешто плус од неговите играчи“ -истакна Бонучи.