Македонскиот репрезентативец, Даниел Аврамовски можно е кариерата да ја продолжи во Босанското фудбалско првенство.

Раководството на босанскиот прволигаш веќе остварило првични контакти со офанзивниот плеј на Вардар за време на подготовките во Турција.

Аврамовски во првиот дел од сезоната во ПМФЛ се издвои како најдобриот и најконстантен играч во ростерот на Васовски.

Аврамовски постигна девет голови и шест асистенции на 18 натпревари а доби и повик од селекторот Игор Ангеловски за настап во серниорската репрезентација на Македонија.