Манчестер Јунајтед ја бележи најлошата сезона од формирањето на Премиер лигата во оваа форма а Оле Гунар Солскјер се соочува со најголемата резултатска криза во кариерата.

Поради ова, извршниот директор, Ед Вудворд закажал состанок со управата и со сопствениците на клубот за да се разгледа позицијата на Солскјер на „Олд Трафорд.“

Во следното копо по интернационалната пауза, Јунајтед ќе игра против Ливерпул и според островските медиуми ова е последната шанса за Солскјер како менаџер на Јунајтед.

Се освен победа ќе се смета за неуспех, па ако се земе формата во која играат двата тима, извесно е дека „Црвените Ѓаволи“ ќе добијат нов менаџер на почетокот од следниот месец.