По Вардар и Шкендија денеска доживеа неочекуван пораз од Борец со 4-2. Актулениот шампион во мечот влезе како апсолутен фаворит и имаа одлична можност да ја намалат разликата на пет бодови во однос на Вардар кој претходно загуби од Ренова.

Со ваквата констатација не се согласија велешани кои уште по првиот дел имаа убедлива предност од 2-0. Стрелец на двата погодоци беше Радовиќ ,а  во вториот дел на убедливи 4-0 зголемија Силва, однос Прелец.  Алими во 80.минута намали на 4-1, а конечните 4-2 ги постави истиот фудбалер во 91. минута.

Силекс го искористи домашниот терен и оствари минимална побда против Македонија Ѓ.П со 1-0. Стрелец на голот за кратовчани беше Ивановски уште во 9.минута, предност која домаќините ја сочуваа до крајот на натпреварот.