Борнмут објави дека еден од нивните фудбалери е позитивен на коронавирус, откако денеска излегоа информациите дека во Премиер лигата се потврди два случаи на Ковид-19.

„Во вториот круг од тестирањето извршено во нашиот клуб, еден играч е позитивен на коронавирус. Медицинските податоци се доверливи и тоа значи дека нема да го објавиме името на играчот и клубот замолува тоа да се почитува. Согласно протоколот играчот ќе биде во самоизолација во период од седум дена пред повторно да биде тестиран. Според сите правила за враќање на тренинзите, теренот е безбеден за играчите и стручниот штаб кој во наредниот период ќе биде тестиран еднаш неделно.“ – соопштуваат од клубот.

Во овој круг биле извршени тестирања на сите играчи, тренери, помошници и вработени во клубовите во Премиер лигата. Од 996 тестови, позитивни на вирусот се два.