Џејдон Санчо повторно е во центарот на вниманието но овојпат не поради најавите за трансфер или пак поради играта во дресот на Борусија Дортмунд туку поради прекршувањето на правилата за зашитата од Ковид-19.

Санчо заедно со неговиот сограч, Мануел Аканџи објавија фотографии со новите фризури откако нивниот бербер ги посетил во нивниот дом.

Проблемот е тоа што никој од нив не носел заштитна маска и со ова го прекршил протоколот за заштита. Казната е парична (по 9000 евра) а доколку се повтори делото може да биде и поригорозна.