Поради „џенталменскиот“ договор кој го има со управата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо ова лето ќе може да направи трансфер ако некој од заинтересираните клубови за неговите услови платат колку што бараат „Милионерите“.

Ако минатото лето за Санчо, Борусија Дортмунд бараше 120 до 135 милиони евра, сега е достапен за околу 80 милиони евра.

За Санчо лани сериозен интерес имаше од двата клуба од Манчестер како и од Ливерпул но висината на цената беше главна пречка за трансфер.

Неофицијално, можно е Манчестер Јунајтед прв да се обиде да стигне до Санчо со оглед на тоа дека на позицијата десно офанзивно крило во моментов ги има младите Гринвуд и Џејмс.

Сити повеќе размислува за Мбапе, додека Ливерпул ова лето поради финанската криза најверојатно нема да плати за еден играч повеќе од 50 милиони евра, прогнозираат медиумите од Англија.