Англискиот репрезентативец Санчо може да ја напушти Борусија Дортмунд во зимскиот преоден рок доколку пристигне понуда не помала од 130 милиони евра, пренесува „Билд“.

Управата на „Милионерите“ не е задоволна од формата на напаѓачот кој повеќе размислувал за тоа каде да ја продолжи кариерата на сметка на неговите настапи во дресот на Борусија.

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливепрул се трите главни кандидати за ангажман на крилниот напаѓач.

„Кралевите“ во Санчо гледаат замена за Бејл, Јунајтед сеуште нема крилен напаѓач на десната страна додека Клоп во Санчо гледа играч кој ќе може да им даде одмор на стандардните Салах и Мане.