Проблемите со играта во одбрана во Борусија Дортмунд се повеќе од очигледни. „Милионерите“ вчеравечер примија три гола од Падерборн уште во првото полувреме.

Ова се надоврза на оној пораз од Баерн Минхен од 4:0 во минатото коло па управата на Борусија одлучила дека мора да се реагира во зимскиот преоден рок.

Прв избор за засилување во јануари е Емре Чан од Јувентус кој може да игра во редот за врска (со дефанзивни задачи) но и како централен бек.

Чан не е задоволен од третманот во Торино и лесно може да се случи да ја прифати понудата од Германија.